Questions
ayuda
option
My Daypo

ERASED TEST, YOU MAY BE INTERESTED ONМакедонски јазик - задачи по нивоа

COMMENTS STATISTICS RECORDS
TAKE THE TEST
Title of test:
Македонски јазик - задачи по нивоа

Description:
Citanje

Author:
Vangelina
(Other tests from this author)

Creation Date:
21/12/2012

Category:
Literature

Number of questions: 6
Share the Test:
Facebook
Twitter
Whatsapp
Share the Test:
Facebook
Twitter
Whatsapp
Last comments
No comments about this test.
Content:
НИВО Д Внимаелно прочитај го следниот текст и одговори на прашањето: Кртовите брзо и вешто ја копаат земјата со силните предни нозе. Се хранат со црви и јајца од инсекти кои ги наоѓаат под земјата. Скоро потполно се слепи, но добро слушаат. Какви се кртовите во овој текст? Кртовите се добри пливачи. Кртовите имаат добар слух. Кртовите се хранат со бубачки од дрвјата. Кртовите брзо ја копаат земјата со задните нозе.
НИВО Г Внимателно прочитај го следниот текст: Марко и Ива се добри другари. Нивните мајки се дружат веќе дваесет години. Ива е две години постара од Марко. Тие не одат во исто одделение, но секојдневно се гледаат. Марко е повисок од Ива, иако е помлад. Тој е момче со крупни сини очи, а Ива е убаво црномуресто девојче. Означи ја буквата пред реченицата која се однесува на овој текст. а) Ива оди во седмо одделение, а Марко во четврто. б) Мајките на Ива и Марко се пријателки. в) Ива е убаво синооко и црномуресто девојче. г) Марко е постар и понизок од Ива.
НИВО В Внимателно прочитај го следниот текст, а потоа одговори на прашањата: ДРВО И СЛОНОВИ На Тајланд може да се најде тврдо дрво наречено тиковина, од кого се прави мебел и бродови. Тиковото дрво расте на север од земјата, на стрмни планини до кои е тешко да се дојде со камион. Затоа за пренесување користат слонови. Задача на слонот е да го подигне дрвотот со својата сурла и да го пренесе до реката, од каде што тоа плови до пиланата. Слоновите одат во училиште за да научат да ја работат оваа работа. Тие одат во Центар за обука на бебиња слонови. Обуката започнува додека слоновите сè се мали и трае додека не наполнат 10 години. Вработените слонови имаат тримесечен распуст во најтоплиот дел од годината. Кога и колку долг распуст имаат слоновите? два месеци кога е најтоплo три месеци кога е најветровитo три месеци кога е најтоплo два месеци во текот на зиматa.
НИВО Б Прочитај го текстот и за секое прашање означи ја буквата пред точниот одговор: - Можеби би одел во училиште, но немам буквар – му рече Пинокио на својот татко Ѓепето. Такото го зеде своето старо платнено и парталово палтенце и трчајќи излезе од куќата. Се врати брзо, носејќи буквар во раката. Надвор врнеше снег. - Каде Ви е палтото, татко? - праша Пинокио. - Го продадов. - Зошто го продадовте? - Ми беше жешко – воздивна Ѓепето. Ѓепето го продал палтото: затоа што му било жешко затоа што сакал да му купи буквар на синот затоа што не му требало бидејќи зимата си заминувала затоа што палтото било премногу старо.
НИВО Б Прочитај го текстот и за секое прашање означи ја буквата пред точниот одговор: - Можеби би одел во училиште, но немам буквар – му рече Пинокио на својот татко Ѓепето. Такото го зеде своето старо платнено и парталово палтенце и трчајќи излезе од куќата. Се врати брзо, носејќи буквар во раката. Надвор врнеше снег. - Каде Ви е палтото, татко? - праша Пинокио. - Го продадов. - Зошто го продадовте? - Ми беше жешко – воздивна Ѓепето. Од текстот дознаваме дека: Ѓепето е себичен и неодговорен родител Пинокио е одличен ученик и многу го сака учулиштето Ѓепето е сиромашен, но добар и племенит татко Пиноко е слаб ученик и не го сака училиштето.
НИВО А Означи го точниот редослед на речениците кои ја создаваат приказната. 1. Плашливо влегоа во мрачната пештера. 2. Тој им раскажа дека ѕидните цртежи настанале пред повеќе од десет илјади години. 3. Четири деца, барајќи го своето куче во шумата, пронајдоа скриен влез во пештера. 4. Кога ја осветлија, на нејзините ѕидови здогледаа насликани коњи, бизони, бикови и антилопи. 5. Утредента тајната му ја открија на својот учител. 6. Децата од влезот на пештерата ги отстранија нафрлените гранки и камења. 3, 1, 4, 5, 2, 6 1, 4, 3, 5, 6, 2 3, 6, 1, 4, 5, 2 6, 1, 4, 5, 2, 3.
Report abuse Consent Terms of use