Questions
ayuda
option
My Daypo

ERASED TEST, YOU MAY BE INTERESTED ONФинален годишен тест

COMMENTS STATISTICS RECORDS
TAKE THE TEST
Title of test:
Финален годишен тест

Description:
Граматика и литература за шесто одд.

Author:
T.Petrusevska
(Other tests from this author)

Creation Date:
01/06/2020

Category:
Languages

Number of questions: 50
Share the Test:
Facebook
Twitter
Whatsapp
Share the Test:
Facebook
Twitter
Whatsapp
Last comments
No comments about this test.
Content:
Која самогласка е носител на акцентот во зборот ''другарите''? у а и е.
На кој вид заменки им припаѓаат формите- оној,онаа,она, оние лични заменки општи заменки показни заменки.
Кој вид на збор ја врши улогата на подмет во реченицата: Тој собираше шумски јагоди. придавка лична заменка глагол.
Која од наведените реченици е сложена: Ја затвори вратата и излезе. Пред вратата со раширени раце ме пречека Тара. Често помислував на неа и на нејзината малечка ќерка.
Лирско-епските песни ги карактеризира: раскажување на настан од историското минато силни чувства и емоции проткаени со хумор раскажување на настан со силни чувства и емоции.
''...Не треба да кажам каде е таа планета,зашто тогаш,во далечната иднина,сите планети ќе бидат многу близу.Тогаш секој ќе има своја летечка машина која ќе ја носи на грбот и со неа ќе може за миг да стигне на која и да било планета.'' Овој извадок од расказ им припаѓа на: филозофски раскази реалистични раскази фантастични раскази.
''Мина кротко над синиот јаз, со зелено врбите ги покри, зелен тепих врз полето посла, шарен килим над ливади мокри.'' Според мотивот,на кој вид песна припаѓаат дадените стихови? љубовна песна пејзажна песна родољубива песна.
Определи го зборот во реченицата кој укажува на аудитивен елемент: Наставникот испрашуваше кога одеднаш силно заѕвони. наставникот силно заѕвони.
Во кое лице е раскажан следниот извадок ''Детето сакаше да замине веднаш од собата каде што имаше многу непознати луѓе,но старецот не му дозволуваше.Го молеше да поседи уште неколку минути...'' прво лице второ лице трето лице.
''Седев на една дрвена клупа во паркот во непосредна близина на еден споменик.Одеднаш пред мене претрча некое животинче.Се свртев налево да видам што е тоа.Што да видам ,едно сиво зајаче ме гледаше право в очи...'' Дадениот извадок е: раскажан прераскажан.
Во реченицата ''Марија има црна коса,зелени очи,бисерни заби и е средна по раст.'' имаме опис на ликот според надворешните особини внатрешните особини.
Во реченицата ''Теодор е љубезно момче ,дарежлив,истраен во се што работи и сите ученици го сакаат.'' имаме опис на ликот според надворешните особини внатрешните особини лични особини.
Делот од книгата кој служи читателот да се упати во содржината на делото се вика: пасус предговор поговор.
Дело составено од повеќе книги поврзани содржински во едно, се нарекува том глава.
Делот од науката за јазикот кој ги проучува формите на зборовите,нивното градење и граматичките значења на зборовите се нарекува фонетика морфологија синтакса.
Првата словенска азбука се вика глаголица кирилица абецеда.
Во реченицата ''Тетин ми е слаб, а вујко ми е дебел човек'', се употребени хомоними пароними антоними.
Во реченицата ''Индијци не се исто што и Индијанци'', се употребени синоними пароними хомоними.
Во кој збор од реченицата е застапена граматичката категорија определеност(член): Жените внимателно се качуваа по оној рид. жените внимателно рид.
Разговор помеѓу два или повеќе лика во драмското дело ,со кој често се искажува спротивставеноста помеѓу ликовите,се нарекува монолог дијалог.
Од колку дел-реченици е составена сложенава реченица: Веднаш дојдов и го погалив по главата зашто убаво пееше. 1 2 3.
Раскажување на настани е главен белег на литературниот род лирика епика драма.
''Првично дојде кај мене дома,каде што ручавме.Потоа се облековме и излеговме надвор да поиграме во снегот.По неколку минути дојде и мојот најдобар другар, Марко,кој ни се придружи во играта.Оттука се упативме по улицата кон градскиот стадион.'' Според редоследот на настаните определи за какво раскажување се работи хронолошко ретроспективно.
Разговор со позната медиумска личност преку поставување на прашања на соодветна тема, се нарекува вест извештај интервју.
Одреди какви елементи се употребени во стихот: ''Зимата -сликарка на нашите прозорци ги наслика најубавите цветови'' визуелни елементи аудитивни елементи.
Под акцент подразбираш нагласување на одреден слог од зборот со силата на воздушната струја истакнување на главните делови од реченицата правилно делење на зборот на слогови.
Која категорија за начин е употребена во реченицата? Давид,влези внатре! исказен начин заповеден начин можен начин.
Кој од дадените зборови спаѓа во групата неменливи,според морфолошката класификација можеби куќа два.
Во реченицата ''Со брат ми вчера отидовме во Крушево.'' имаме прилошки определби за: начин и место количество и време време и место.
Од понудените зборови глаголска именка е зборот трње трчање.
Глаголски именки се образуваат од несвршени глаголи свршени глаголи преодни глаголи.
Која од заменските придавки е количествена толкав таков каков.
Тестот по историја беше боза.Зборот'' боза'' во реченицата е употребен со основно значење преносно значење вистинско значење.
Разговорот,движењата,мимиките,гестови и разни артикулации како изразни средства се карактеристични за драмата расказот песна.
Која стилска фигура е застапена во стиховите ''Сите знаеме за таа птица бела, колку убаво пее таа птица бела, не опива со песна таа птица бела...'' анафора епифора.
Епитетот во следниот стих е удвоен ''Се напи од слатка вода студена...'' Да Не.
Најстарите зачувани текстови напишани на старословенски јазик датираат од 9 век крај на 10 и поч. на 12 век 12 век.
Кој е безвучен парник на согласката Ж З Ѕ Ш.
На кој слог треба да падне акцентот во зборот БИБЛИОТЕКА биб ли о те ка.
Во реченицата - Селската чешма беше заштитен знак во селото, придавката ''селската'' е материјална присвојна заменска.
Членските наставки -те,-ве,-не образуваат определеност кај именките за машки род женски род среден род множина.
Кој збор е подмет во реченицата Цветовите милно ги занишаа своите глави по ливадите. цветовите глави ливадите.
Скратеницата г. означува господин град година.
Во кои песни најчесто се сретнуваат зборовите: копнеж,љубов,мил,трепет? родољубиви описни љубовни.
За кој вид на раскази е карактеристичен ликот на Итар Пејо од Мариово хумористични раскази реалистични раскази фантастични раскази.
''Пред влезот на зградата.'' Оваа реченица не искажува целосна мисла затоа што и недостига именка заменка глагол.
Носители на драмското дејство се ликовите сцената режисерот.
Кое од наведените прашални зборчиња одговара на прилошката определба за начин кој? како? каде?.
Кој интерпункциски знак недостасува во реченицата Човекот го красат добрина, чесност, решителност,храброст. две точки прашалник точка запирка.
На кој литературен род му припаѓа извадокот ? ''Ноќеска слушнав песна далечен топол глас, утрово сонце ме бакна, затоа весел сум јас.'' епика драма лирика.
Report abuse Consent Terms of use